Научниците предупредуваат: На 21 март огромен астероид може да ја погоди Земјата

можен судир на огромен астероид со Земјата. Астероид широк 1,2 километри би можел да ја погоди земјата на 21 март, 2014 година и е класифициран како “настан кој заслужува внимателно следење” од страна на астрономите. Но тие велат дека веројатноста астероидот да се судри со Земјата е само 1 во 909,000 и ризикот од ударот веројатно ќе се намали како што тие собираат повеќе информации. Ново-откриениот астероид, познат како 2003 QQ47 , има маса од околу 2600 милиони тони ( 2600 милијарди кг). Пресметките за неговата орбита во моментов се базираат на само 51 набљудувања за време на седум-дневниот период. Д-р Алан Фицсимонс од Универзитетот Квинс во Белфаст, еден од експертскиот тим кои го советуваат UK NEO (во близина на земјата објекти) информативниот центар, со седиште во Лестер, рече: “NEO ќе набљудува во следните два месеци, а астрономите ќе продолжат да го пратат во текот на овој период”. Гигантската „карпа“ за прв пат беше забележана на 24 август од страна на Lincoln Near Earth Asteroid Research Program (LINEAR), со седиште во Socorro, Ново Мексико. Набљудувањата биле пријавени во the Minor Planet Centre во Масачусетс, центар за сите новооткриени астероиди и комети. Научниците велат дека веројатно ќе се намалува опасноста откако ќе бидат направени повеќе набљудувања. Астероидите како што е 2003 QQ47, се парчиња останати од формирањето на нашиот сончев систем пред 4,5 милијарди години. Повеќето од нив се на безбедно растојание од Земјата во астероидниот појас помеѓу орбитите на Марс и Јупитер. Но гравитационото влијание на џиновски планети како Јупитер, може да ги исфрли астероидите од овие безбедни орбити и да ги испрати во близина на Земјата.]]>

Најнови вести

Најново од Ракурс, Топ Вести

Најчитани вести