Градоначалникот на Сараево сакајќи да ја испроба новата куглана, паднал и скршил рака

Сараевскиот градоначалник Иво Комшиќ паднал за време на отворањето на трговски центар во Сараево, а според неофицијални информации што ги објавија медиумите, тој најверојатно и скршил рака.

Градоначалникот Комшиќ сакал да ја испроба новата кугланата, се лизнал и паднал. Портпаролката на болницата во која бил пренесен Комшиќ,  Билјана Јандриќ, потврдила за Клих.ба дека тој е во нивната клиника на ургентна медицина, но не потврдила и скршена рака.

]]>

Најчитани вести