Откриен рај за педофили на Карибите! Го посетувал и Бил Клинтон?!

Полека, полека се открива нов педофилски скандал што ќе го потресе целиот свет, пишува британски „Дејли Мејл“. Педофилија стана толку често користен збор во медиумите што постои сомневање дека зпочна прилагодувањето на јавноста на овој збор, но не и само на значењето на зборот, а во новиот скандал поврзан со педофилијата вклучен е и поранешниот американски претседател, Бил Клинтон. По апсењето на истакнатиoт бизнисмени Џефри Епштајн, за подведување на малолетнички и оргии со мали деца, кои биле дел од сексуалните робови, се открило и дека неговиот остров на развратот и сексуалната неморалност и педофилија го посетувал  и поранешниот претседател Бил Клинтон. Наводно Клинтон неколку пати бил на овој остров и имал контакт со уапсените жени кои ја продавле детската порнографија, а некои од нив, според информациите на Дејли мејл, ги поканил и на венчавката на неговата ќерка. Островот  „Little St. James“ бил центарот на педофилијата, сличен на оној на британскиот Би-Би-Си. За Епштајн ова не е прво ваков прогонување. Тој уште во 2005 година бил осомничени дека на четиринаесетгодишно девојче му платил за секс, а потоа одлежал 13 месеци во затвор и бил забележан во регистарот на педофили. Клинтон пак го посетувал островот од 2002. година до 2005. година. Заштитениот сведок изјавил дека сексуалните оргии на островот биле секојдневие и дека овде се држеле т.н. сексуални робови и против нивната волја биле давани да ги користат луѓето што го посетувале островот, но, исто така, меѓу робовите имало и деца. Во овој скандал биле вмешани бизнисмени, политичари, академици и благородништвото и целата структура која се наоѓа на врвот на општеството, нешто што се вклопува во теориите на Дејвид Ајк, кој многу одамна зборуваше за ова „хоби“ на елитата, но никој не му веруваше досега. Сега топката за педофилијата, проституцијата и сатанските ритуали со деца што излегоа на виделина, почна да се одмотува и да станува јасно дека децата најчесто се жртви на најбогатите, највлијателните и најпочитуваните луѓе во светот, нешто што ни на крај памет не би ви паднало да го помислите. Згрозува идејата дека ова се луѓе на високи позиции и најчесто ти ги финансираат организациите кои се грижат за децата, различни сиропиталишта низ целиот свет и често тие го поттикнуваат хуманизмот и заштитата на сиромашните и беспомошните деца. Но, она што навистина се крие зад хуманитарна работа на богатите кон сиромашните деца е многу тешко да се разбере, бидејќи очигледно злото педофилија толку многу кулминирало што ниту едно дете во светот денес не е сосема безбедено.]]>

Најчитани вести