Законски измени со кои УЈП ќе крати субвенции на земјоделците што и должат на државата

 

Со најновите измени на Законот за земјоделство и рурален развој Министерството за финансии преку Управата за јавни приходи ќе врши  одбивање од надоместокот за субвенциите на неплатените побарувања што ги имаат земјоделците во поглед на користењето на земјоделското земјиште под закуп, неисплатените обврски за користење на државните пасишта како и за неизмирените обврски по основ на водниот надоместок.

Овој механизам за пребивање на обврските се предвидува со измените на Законот за земјоделство и рурален развој кој наскоро ќе се најде на расправа пред пратениците во Собранието.

„Предложеното решение е дадено како основна одредба со тоа што се предвидува начинот, условите, евиденцијата на долговите и постапката за пребивање на обврските од надоместокот за финансиска поддршка и исплата на истиот да се уреди со подзаконски акт кој ќе го пропише Владата на Република Македонија по предлог на Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство и Министерот за финансии.

Предложеното решение кореспондира и со согласноста и поддршката на непосредните корисници – земјоделските стопанства и земјоделските здруженија, кои го подржаа истото со предлог да се вгради законска одредба преку која исплатата на субвенциите ќе биде условено со претходно подмирување на јавните давачки и другите обврски кон Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство. На овој начин со предложеното решение се очекува да се подобри наплатата на обврските и јавните давачки како и средствата по основ на остварување на правото на користење на субвенции во земјоделството“, се вели во предлог-законот.

Најнови вести

Најново од Агро Бриф

Најчитани вести