(ВИДЕО) Лекар скокнал од 7-ми кат за да го спаси синот од пожар

Михаил Абросимов, 34-годишниот хирург од Москва, го доби епитетот херој на Русија, откако скокна од станот на седмиот кат, со цел да го спаси својот син од пожарот кој изби во нивната зграда.

Михаил и неговото семејство биле во нивните кревети, кога среде ноќ се запалил нивниот дом. Пожарот избил предизвикан од неисправни свеќички на новогодишната елка, пренесува Раша Тудеј.

Тој се разбудил прв и се обидел да го изгасне пожарот. Сепак, со оглед на тоа дека не успеал, ја разбудил неговата сопруга Екатерина и ја изнел по скалите кон излезот, а потоа се вратил по четиригодишниот син Арсениј, кој од страв се скрил во станот.

Кога го пронашол, пламенот го зафатил целиот стан и не можеле да излезат низ вратата.

Михаил сфатил дека нема друг избор освен да скокаат од прозорецот на својот стан, од седмиот кат на зградата.

Во текот на падот, го искористил своето тело како амортизер што ќе го заштити синот.

Михаил и Арсениј паднале на тревникот пред зградата, при што се здобиле со сериозни повреди, но лекарите велат дека и двајцата ќе преживеат. Таткото е во тешка, но стабилна состојба и ќе бидат потребнит голем број на операции за целосно да закрепни.

– Тој донесе ризична одлука, но инаку не би имале шанса да се спасат – рече мајката на Михаил.

Пожарникарите од зградата евакуираа повеќе од 20 луѓе. Неколку семејства биле хоспитализирани, а две жени починале поради труење со јаглероден моноксид.

Приказната за таткото херој се прочу низ цела Русија и многу луѓе кои никогаш не се сретнале на семејството, како и многу поранешни пациенти на хирургот нудат помош на семејството Абросимов, восхитувајќи се на храброста и херојскиот чин на еден човек.

Најнови вести

Најново од Свет, Топ Вести

Најчитани вести