Добро снабден пазар не признава сезона. Во секое време има се, а на потрошувачите и откупувачите освен квалитетот важен им е и надворешниот изглед на земјоделскиот производ.
Новото време бара од земјоделците и агробизнисмените да се прилагодуваат на овие услови на пазарот, ако сакаат да заработат повеќе.
Најуспешните и најконкурентните земјоделски производители продаваат кога има дефицит, добра цена и производство во поголеми количевства.
Еден од големите проблеми на Македонскиот аграр е тоа што секоја година голем дел од производството пропаѓа токму поради несооветното чување, најчесто во импровизирани складишни простории, кои се под влијание на временските услови што секако придонесува дел од родот да го изгуби квалитетот.
Ова е една од причините поради која земјоделците се принудени производите да ги продаваат по многу ниски цени или пак што е уште полошо, да ги фрлат своите производи. Ова е проблем кој ги засега производителите на јаболко, праска, круша, трпезно грозје, домат, компир.
Загубите во Агро бизнисот од оваа појава во светски рамки се движат помеѓу 5-10% од продажната цена на вкупното производство. Она што е поразително е фактот што во Македонија овој процент е поголем и достигнува и 20% за одредени производства .
Работите во оваа област мора да се менуваат. Придобивките од еден ваков тип на инвестиција се многукратни. Контролирана средина во која што се чуваат производите, односно соодветната температура и влажност на воздухот, овозможуваат целокупното производство кое е набрано и складирано да биде расположливо за продажба.
Еве колкав период може да се задржи квалитетот на одредени производи доколку соодветно се чуваат во ладилник.
Табела 1.1 приказ на температурите на чување на видови зеленчук и овошје
Фактот што производот се чува во контролирана средина придонесува за зачувување на неговиот квалитет се до периодот на продажба на истото ниво на кое што бил во периодот на берба. Цврстината, бојата но и тежината остануваат непроменети. Ова е клучниот момент за зголемување на конкурентноста на земјоделскиот производ, како во земјата , така и во странство.
Доколку производителот има ладилник може да го продолжи рокот на производот во свежа состојба и по неколку месеци од бербата и да го продаде кога цената на пазарот е значително повисока.
Тоа остава простор на производителот да го одбере моментот кој што ќе биде најпогоден за продажба, односно моментот кога производот на пазарот има најголема цена, што директно придонесува до зголeмување на профитот.
Само еден пример со трпезното грозје, ако за време на берба откупната цена е 30 – 50 евро центи зависно од квалитетот, во февруари и март месец на рускиот пазар цената на грозјето достигнува 3 до 4 евра за килограм. Сега во јануари во маркетите во Русија цената на трпезното грозје е 2,5 евра за килограм. Разликата е голема, а со тоа и заработката за земјоделциет ќе биде значително поголема доколку тие имаат услови да го чуваат родот подолго во соодветни ладилници.
Оттука нема дилема дали е потребно да се инвестира во ладилници. Можеби останува прашањето колкави средства се потребни. Тоа се инвестиции за кои е значајна и соодветна финасиска поддршка од банките
Имајќи предвид специјализираноста и долгогодишносто искуство на Прокредит банка во кредитирањето на агросекторот ги консултиравме за можната поддршка на македонските агро бизниси во вакви инвестиции.
Од ПроКредит банка сметаат дека конкурентноста на македонските земјоделски производи на странските пазари е во директна врска со овие инвестиции и тоа е иднината на нашите земјоделци кои сакаат да се развиваат. Ваквите инвестиции ги поддржуваат со кредити за енергетска ефикасност кој на пазарот се со најповолни услови.
– Ваквите инвестиции најдобро е да се финансираат со долгорочен кредит со рок на отплата до 10 години зависно од бизнисот и фиксна каматна стапка – вели Милан Дамчевски, советник за агро бизниси клиенти од ПроКредит Банка.
Целта е заедничка, подобар пласман на македонските земјоделски производи, поголема заработка за производителите и успешен раавој на македонскиот агро бизнис кој има голем потенцијал.









