Владата на земјоделците за 2014 година им исплатила 126,2 милиони евра субвенции?

Агенцијата за финансиска поддршка на земјоделството и руралниот развој ја објави програмата на Владата за субвенционирање во аграрот за 2015 година.

Рекоа 140 милиони евра. Колку точно ќе дадат знаат само тие. Никој не ги контролира, на никого сметка не му поднесуваат. Како што никој точно не знае ни колку исплатија за 2013 година. Информациите од земјоделците се дека сеуште владата им должи пари на производителите.

Во програмата за 2015 година Владата има предвидено ставка од 13,8 милиони евра заостанати долгови? Според ова излегува дека  таа за 2014 година исплатила 126,2 милиони евра  од вкупно 140 колку што имаше планирано.

Ако се знае дека никој од земјоделците нема земено ниту еден денар субвенција за лани тогаш каде се овие пари, кого лаже владата?

Заклучок: Со планираните средства за 2015 година ќе се исплаќа 2014, а со тоа продолжува праксата на забошотување на цел еден годишен земјоделски буџет.

Во меѓувреме сите други земјоделци од регионот како  бугарските земјоделци, српските,  потоа земјоделците од Хрватска почнаа да ги добиваат субвенциите за 2014 година. Истите тие чие производи се јавуваат на заедничките пазари или ни доаѓаат овде, конкурентни со пониска производна цена.

Ленче Николовска

 

Најнови вести

Најново од Агро Бриф

Најчитани вести