Ристо Велков: Се уништи земјоделството, каде е министерот Цветков?

Половина од обработливото земјиште во Македонија е поплавено, а министерот за земјоделство Михаил Цветков како да не е од оваа планета, обвинуваат од синдикатот на земјоделци во струмичкиот регион, информира 24 Струмица

Тие денеска го повикаа Министерот за земјоделство да излезе на терен и да им се помогне на земјоделците во овие тешки денови.

„ Земјоделството пропаѓа по сите гранки, овие поплави уште повеќе ќе ги намалат приходите на земјоделците, а вас ве нема на теренот. Затоа сакаме да ве прашаме, ако се уништи земјоделството во Македонија на кого ќе бидете министер вие?, рече Ристо Велков, претседател на синдикатот на земјоделци во струмичкиот регион.

Земјоделците побараа и исплата на субвенциите, проценка на штетите и исплата во најкус можен рок, како и програма за чистење на каналите и одводнување на нивите.

Најнови вести

Најново од Агро Бриф

Најчитани вести