(ВИДЕО)„Борбата“ на Путин и Лукашенко за стол, хит на интернет

Крајно напнатите и тешки мировни преговори за Украинската криза, кои се одржаа во Минск, пропратени се и со неколку занимливи моменти.

На самиот почеток на состанокот, камерите ја уловија „борбата“ помеѓу домаќинот, белорускиот претседател Александар Лукашенко и неговиот гостин Владимир Путин кога тој  сакаше да седне на своето место.

Путин тргна да седне  не гледајќи зад себе, додека Лукашенко, разговарајќи со Ангела Меркел, несвесно го повлекуваше столот кон себе, не приметувајќи дека со тоа не му дозволува на претседателот на Русија да седне.
На крајот сепак Путин седна на своето место, кога Лукашенко го заврши разговорот со Меркел.

Состанокот исто така го одбележа и лутото излегување на претседателот на Украина Порошенко, кој незадоволен од ставот на Путин, излетал од салата за состаноци, како и нервозната реакција на рускиот претседател кој после тоа го скршил пенкалото кое го држел во рака.

putin_penkalo

Најнови вести

Најново од Свет, Топ Вести

Најчитани вести