Аудио снимката на Латас и Филимена споредете ја со неговата изјава за вестите на Сител

Претседателот на СДСМ, Зоран Заев, на денешната прес-конференција објави аудио снимка, од прислушуваните разговори на новинарот Драган Павловиќ Латас со Филимена Маневска, по налог на Никола Груевски и Сашо Мијалков.

Латас во Дневникот на Сител рече дека Заев добивал снимки или монтажи од снимки од странски служби, откако денеска беше посочен дека ургирал да добие случаи против тројца новинари кои ги тужел за клевета.

– Јас никогаш не сум добил ниту една пресуда, против македонски новинар за клевета. Тоа што е ваму посочено е жалба за судијка Мирјана Дуковска, која е баба на Јован Деспотовски од извршниот одбор на СДСМ. Сите три случаи кои се првостепено добиени од моја страна како тужител, сите тие три случаи на апелација таа ги поништи и пресуди во корист на интересите на СДСМ, па ако нешто денес покажале СДСМ тоа е дека нивната баба судијка го решила судството за интересите на СДСМ, вели Латас.

Најнови вести

Најново од Ракурс, Топ Вести

Најчитани вести