Дописничката на Канал 5 од Струмица револтирана си замина од телевизијата

Ги прескокнувам сите травијалности ми беше драго, вие сте такви, јас сум ваква.

„Денес го прекинав мојот ангажман во Канал5.“

Сите ние имаме свои причини кои не водат во животот, субјективни, објективни…
Моите се исклучиво лични. Одлука која не верував дека ќе треба да ја донесам, но ете, решив во дел од секунда и за првпат во животот знам дека постапив чесно.

Сметам дека по овој ден, на погорниот мој исказ што и да додадете нема да згрешите. Останувам НОВИНАР, и да не се сомневате ако бидам приморана, отказ ќе дадам и во сопствената телевизија. До тој ден за кој се надевам дека нема да дојде, ќе ме следите преку Тв Канал Вис, и социјалните мрежи, па не гледам дека ќе ни трпи комуникацијата.

Секој има свој револт, ова е мојот начин да го покажам. Првиот чекор. Нема логика да говорам и критикувам тука, ако токму овие денови, од Струмица во совршена хармонична атмосфера ви зборувам за Карневал. Карневал, точно, има, ама во цела држава!!!

До моите колеги од 5-ка само добри желби и поздрави, имав убави шест години.

Фејсбук статус на Сузана Мицева, дописничка на тв Канал 5

Најнови вести

Најново од Македонија, Топ Вести

Најчитани вести