Каракамишева: Јас цело време ги поддржував студентите, ама глумев за да е поинтересно

Професорката и експерт за поштенски услуги, Тања Каракамишева, денеска, откако беше постигнат договор за изработка на целосно нов Закон за високо образование, го поздрави истиот.

– Абе јас цело време тоа го мислев, баш тоа – целосно нов закон. Значи, како да знаеле. Секоја чест! Истово, баш истово го имав како замисла уште од лани, ама не сакав да го кажувам во јавност за да не испадне дека се наметнувам. Јас всушност и цело ова време го поддржував Студентскиот пленум, ама глумев дека сум на страната на власта, за да е поинтересно, да се развие дебата, да има размена на мислења.

Целиот текст прочитајте го на Козаностра

Најнови вести

Најново од Ракурс, Топ Вести

Најчитани вести