ДПА укинува членски карти, ќе се дава заклетва пред Сашо

Демократската партија на Албанците ги укинува членските карти како старомодно, надживеано, неалбанско и комуњарско решение. Извори во партијата потврдуваат дека се преминува на усна заклетва, која под знаме на кое ќе биде испишано „За Сашо до смрт“ ќе ја даваат идните членови на партијата.

– Нашата цел е на идните генерации Албанци да им кажеме дека албанските интереси, па и приватните бизнис-интереси не може да се остварат преку институциите на државата, која ние не ја признаваме, туку единствено во лични релации со тајната полиција – вели лидерот Мендух Тачи.

Тој најави наскоро отворање на сушико-ресторани во Тетово, Гостивар, Куманово и во други градови за да може заклетвата да се положува во автентичен амбиент.

Извор: Козаностра.нет

menduh_vmro

Најнови вести

Најново од Ракурс, Топ Вести

Најчитани вести