Во аудио снимките од денешната прес конференција на општина Центар, јасно се слуша како министерот за транспорт Миле Јанакиески се фали со диверзијата дека во Капиштец се онеспособени лифтовите на висококатниците, за да се спречи масовното гласање на граѓаните од повисоките катови.
Јанакиески: Ама, лифтовиве не работат, хахаха.
НН: Хахаха. Леле, ќе биде циркуз, ќе викаат, ќе умрат.
Јанакиески: Може да слезат од 15 спрат стариве? Не?
НН: Не бе, какво слегување.
Јанакиески: А?
НН: Не бе, шо ти е на тебе. Кај мене куливе, еве ги, штама е. Чоек нема надвор. У п…у матер.
А, еве во следното видео погледнете што се случуваше со лифтовите тој ден.


