(ФОТО) Ратајковски му се заканува со тужба на Мухамед Зекири

Во писмо до Мухамед Зекири, главниот и одговорен уредник на МРТ, Диме Ратајковски, се заканува со тужба и бара извинување за статус објавен на Фејсбук.

Станува збор за статус каде уредникот на Алсат му порачува дека МРТ треба да биде гласило на граѓаните, а не на било која партија.

Зекири коментира дека не го повлекува она што таму го напишал.

– Ратајковски бара да му се извинам оти на Фејсбук сум го навредил и да го повлечам постот. Човече, зар мислиш дека ЈАС мењам став по нечија потреба или барање? Тоа што си мислам и го кажувам и стојам зад тоа. Овој профил е мој приватен, сум ги изнесувал и ќе продолжам да ги изнесувам моите ставови за се што мислам дека е потребно – напиша Зекири.

muhamed_zekiri_post

Најнови вести

Најново од Ракурс, Топ Вести

Најчитани вести