Случајната средба, во еден скопски ресторан, помеѓу Стојанче Ангелов и уредникот на Нетпрес, Дејан Николовски, прерасна во вербална пресметка заради напишан текст на провладиниот портал.
Ангелов, револтиран од конструираните лаги на Николовски, за наводна спрега на генералот, лидерот на опозицијата Зоран Заев и исламски фундаменталисти, го праша нели му е срам безочно да лаже и да одработува за режимот.
На тоа, уредникот на Нетпрес се правдаше дека не е место за таква работа и дека со пријатели е приватно.
Ангелов му порача дека на таквите како него им се изброени деновите и ќе одговараат пред суд, но не со овие судии под бројче во тефтерот на Јанкулоска.


