За пелагониските фармери стигнаа охрабрувачки вести од министерот Цветков. При денешната посета на сточарите во Могила, ресорниот министер за земјоделство , покрај најавите за помош и повеќе мерки на Владата , потврди дека наскоро ќе се реализира целосно обештетување од поплавите.
Штетите од поплавите во цела Македонија, стопроцентно ќе бидат исплатени, што мислам дека тоа е и наша обврска на Државата, да помогнеме на оној дел кој е и најзагрозен и каде што профитот е најмал – рече министерот за земјоделство Михаил Цветков.
Цветков најави и други мерки за сточарите со владините политики, а наскоро со промена на законот, заради зголемување на бројот на краварски фарми, Владата ќе обезбеди средства за кофинансирање до 90 проценти на капиталните објекти.
Планираме, Државата до 90% да ги кофинансира овие објекти, а понатаму на земјоделецот т.е. фармерот понадаму да му остане и да си ја работи. Во тој правец, ќе има повеќе извори на средства – рече Цветков.
Во наредните четири години, Владата годишно ќе одвојува по 150 милиони евра за субвенции, од кои педесет милиони ќе бидат наменети за рурален развој и отворање нови сточарски капацитети, рече министерот Цветков.


