Груевски: Заев да престане да објавува „бомби“, инаку и него ќе го вработам!

Премиерот и лидер на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, од собирот во Тетово продолжи да ветува илјадници и илјадници вработувања, за сите македонски граѓани, во фабриките кои допрва ќе се отвораат.

– За секоја објавена бомба ние ќе вработиме 10 илјади граѓани! За 17-те објавени бомби досега ќе вработиме вкупно 170 илјади граѓани. Ако Заев објави 100 бомби, ние ќе вработиме 1 милион граѓани! Ако пак, објави 200 бомби ќе вработиме 2 милиони граѓани, без разлика на тоа што во Македонија нема толку луѓе. Ако треба ќе увезуваме граѓани, или пак секој ќе работи на по две, три или повеќе работни места, само и само да ги исполниме ветувањата – рече Груевски.

Тој упати и директна закана до лидерот на СДСМ, Зоран Заев.

– Доколку лицето З.З. сопственик на три кривични пријави, не престане да објавува бомби, ќе го вработам и него! Не блефирам, сериозно сум подготвен на таков чекор. Или нека престане, или ќе пристапиме кон присилно вработување на споменатото лице – рече Груевски.

Целиот текст прочитајте го на Козаностра.нет

Најнови вести

Најново од Ракурс, Топ Вести

Најчитани вести