Земјоделците бараат и тракторите да бидат дел од програмата за безбедност во сообраќајот

Во годинашната програма на Владата и планираните активности за безбедност во јавниот сообраќај, да не се изземе земјоделската механизација која не ретко е причина за незгоди, апелира Здружението за земјоделска техника на Република Македонија.

Здружението во соопштение до медиумите предупредува дека дека со оглед на интензивните земјоделски работи во овој период, се очекува голема фрекфенција и раздвижување на земјоделските машини и нивнното вклучување во јавниот сообраќај.

И минатата година испративме таков апел. Сакаме оваа проблематика да биде потенцирана и во сегашната владина програма, активностите да продолжат, постојано да се делува со цел минимизирање на сообраќајните несреќи, наведува Здружението.

Според анализите, како што стои во соопштението, најчести причини за сообраќајки со трактори се нивната нерегистрираност, недоволната обученост и едукација, неподготвеноста за вклучување во јавниот транспорт, непочитувањето на сообраќајните правила и прописи, заморот и намаленото внимание.

Здружението порачува до надлежните институции, земјоделските здруженија и асоцијации и Советот за безбедност на јавниот сообраќај, да изготват акциска програма со препораки како да се намалат повредите, но и сообраќајните незгоди на целата територија на Македонија.

– Апелираме со акциската програма да бидат опфатени сите параметри кои влијаат на оваа проблематика, а темата да биде постојано актуелна, 12 месеци, не само кога ќе настане некоја незгода, порачува Здржението.

Извор: emagazin.mk

Најнови вести

Најново од Агро Бриф

Најчитани вести