Ученичката Селвиназе Зендели, деветтоодделенка од училиштето „Перпарими“ во Голема Речица, Тетово, освои прво место на регионалниот натпревар по македонски јазик во Тетово и четврто место на републичкиот натпревар во Прилеп.
- Чувствувам големо задоволство што го претставувам моето училиште по натпревари и за ова им се заблагодарувам на мојата наставничка Виолета Томеска и на другите учители што покажаа разбирање. Тестирањето воопшто не беше тешко, прашањата беа многу лесни – изјави Зендели за ТВ Арт Тетово.
Нејзиниот ментор, Виолета Томеска, е горда на резултатите на ученичката, но и на подршката и работата во кои биле вклучени сите од колективот.
Извор: Репортер.мк


