Ѕвони некој на мојата врата. Отварам. Едно 8-9 годишно девојче со сини очи и венче во косата, во рацете држи пластична кутија полна со алки од монистра- рачно изработени. До неа стои млада жена, претпоставувам мајка на девојчето.
“Добар ден, јас продавам алки, за да и помогнам на другарка ми. Сама ги изработувам. ” со сериозен глас ми вели девојчето и ме гледа во очи. Што и е на другаркати- прашувам. “Татко и почина”. Одбирам една и и подавам пари на мајката. Таа одмавнува со главата – “Неа дајте и ги парите. Ова е нејзина идеја. Со денови ги собирала парите што сме и ги давале за ужинка за да купи монистра и бисерчиња, за да и помогне на другарка и. И ние не знаевме”
Ја држам шарената алка во рака и си мислам -Да, ние родителите често не знаеме колку се ГОЛЕМИ нашите деца!
Фејсбук статус на Магдалена Несторовска


