„Почитувани, ве известуваме дека залихите на Средношколски Фронт се потрошени и секој вид на донација е добредојден. Ви благодариме на поддршката“, известија од Средношколскиот пленум на својата Фејсбук страница.
Како што пишуваат средношколците, потребни им се леб на парчиња, млеко, јогурт, овошје и зеленчук, конзервирана храна, намази, грицки, вода, сокови, пластичен прибор. Донациите може да се однесат во паркот спроти зградата на Министерството за образование каде што кампуваат веќе осми ден.


