По улиците низ центарот на Скопје во моментов се апсат, се бркаат, се тепаат демонстрантите – без никаква причина. Глетките низ центарот се морничави, пренесе МКД.МК.
Во акција на растерување на демонстрантите што денеска протестираа пред владата, полицајците ги растурија демонстрантите на неколку групи и сега ги бркаат по сите приодни улици кон владата и ги тепаат.


