Кумановци, Скопјани …

Ноќта е најтемна пред да зазори, утрото е најстудено пред да изгрее сонце, а убијците секогаш се враќаат на местото на злосторството. Тоа е единственото што би сакал да го запаметите од ова писание и во овие тешки мигови за вас. Сето друго, пријатели мои, сограѓани, вие го знаете подобро од било кој друг.

Не се обесхрабрувајте од чувството на напуштеност како оставени на туѓа милост и немилост, не очајувајте и не се предавајте на емоции – барем не сега. Наместо безнадеж од другите, најдете го во себе она што го имате – а го имате засигурно како печал од искуството. Мудроста и свеста, претпазливоста и итроста да се тргнете од патот на оние кои – бидете убедени – се неспоредливо многу поуплашени од вас. Смрадот на нивното нечестие е посилен од мирисот на барут и дим во кој се обидуваат да ги сокријат своите трагови.

Но и овој барут и овој дим ќе биде одвеан од ветерот, дал денес, утре или задутре и повторно ќе дишете со полни плуќа, како што единствено заслужувате. А нивниот смрад, нивната реа на трулеж ќе остане залепен за нив доволно долго за по него да ги препознаеме кога за тоа ќе дојде часот.

А тој час ќе дојде. Ве уверувам!

Дотогаш, бидете ми живи. За да заздравееме сите.

Фејсбук статус на Арсим Зеколи

Најнови вести

Најново од Ракурс, Топ Вести

Најчитани вести