„Канал 5“ денеска не прекина ниту едно интервју

Националанта телевизија „Канал 5“ ги информира гледачите дека денеска не прекина ниту едно интервју во живо. Тоа, сметаат во телевизијата, е доказ дека исклучувањата од програма и снемувањето струја среде интервју во два наврати изминативе денови и тоа коинциденција – два пати кога соговорниците бараа оставка од премиерот Груевски, се само изолирани случаи на чие решавање „Канал 5“ работи посветено и со голема професионалност.

– Истовремено, сакаме да кажеме дека исклучувања понекогаш им се случуваат и на нашите луѓе внатре во телевизијата. Ете, вчера, на пример, главаната уредничка Лидија Богатинова сакаше да си даде оставка, но и снема сигнал на сред разговор со газдата Емил.

Телевизијата соопшти дека заканите од Стојменов кон поранешниот уредник Ацо Кабранов се најдобронамерни и имаат за цел да му укажат на сегашниот сопственик на порталот Либертас дека никој не смее да си поигрува со исклучително високото реноме на „Канал 5“ кај публиката. За новонастанатата состојба, Емил Стојменов вчера закажа состанок кај премиерот Никола Груевски. Состанокот ќе се одржи во 3, 4, 5, 6 или 7 часот, претпладне или попладне, во понеделник, вторник, среда, четврток, петок, или евентуално сабота или недела.

Извор: Козаностра.нет

Најнови вести

Најново од Ракурс, Топ Вести

Најчитани вести