Голем број граѓани пред Основниот суд побараа оставка од Груевски

После едночасовниот протест во близина на владата, граѓаните кои и денеска точно во 18 часот го започнаа веќе традиционалниот протест, тргнаа кон Основен суд Скопје 1, пренесува Либертас. Пред владата беше нагласено дека од 7 мај до денеска и понатаму има студенти кои гнијат во притвор и тие да бидат ослободени.

Тие извикуваат „Оставка“, a покрај барањето за одговорнoст на целата влада, бараат и итно ослободување на сите активисти притворени од 5.мај наваму, како и формирање влада за демократизација на институциите.

На дел од транспарентите кои се пред полицискиот кордон пишува „Груевски оди си“, „Слобода за студентите“, „Македонија се сака со оставки“ и „Три ластовички не ја чинат пролетта“ алудирајќи на оставките на Јанкулоска, Јанакиески и Мијалков.

Најнови вести

Најново од Македонија, Топ Вести

Најчитани вести