По поплака на еден од родителите од нашата партија, го објавуваме овој текст за какви нерегуларности се прави во нашето образование. Имено ученикот кој учи во Гимназијата Кирил Пејчиновиќ оди на редовна настава и покрај другите предмети кои се предвидени во програмата за образование, има предмет ИНФОРМАТИКА, меѓутоа во Гимазијата немаат компјутери за секое дете, според законот за Образование член 109 став 2 пишува: глоба од 2000 евра во денарска противвредност ќе му се изрече прекршок на средното училиште ако не користи Информатичка опрема во настава (во случајов учениците не користат) став 3 глоба од 1000 евра во денарска против вредност ќе му се изрече за прекршок на Директорот на средното училиште за дејствија од ставот два на овој член.
ТЕТОВСКАТА ГИМНАЗИЈА НЕ КОРИСТИ ИНФОРМАТИЧКА ОПРЕМА ВО НАСТАВАТА, се поставува прашање зошто не го казнуваат Директорот на школото по македонска настава, затоа што е сопруг на бившата пратеничка на ВМРО ДПМНЕ од Тетово, Ружа Ѓорѓеска, но не само тоа уште една злоупотреба, кој сака да добие добра оценка мора да оди кај професорката по ИНФОРМАТИКА на приватни часови дома, приватен бизнис и да плати 1200 ден, нашиот член не е во можност тоа да го плати значи ќе добие слаба оцена, револтот е голем и затоа сакаме јавноста да знае како функционира нашето Образование.
Пишува Самка Ибраимовски


