Јанкулоска вчера во Кавадарци, денеска странска компанија носи одлука недела да биде работен ден

Што правеле, Што разговарале и Што договарале бившата министерка за внатрешни работи Гордана Јанкуловска, првите луѓе на Општинскиот Комитет на ДПМНЕ во Кавадарци и првиот човек на странската инвестиција во текот на вчерашниот ден во една од кавадаречките кафитерии? Само ги поврзувам работите и поставувам прашања за работите да ни станат појасни:

1. Странската компанија, донесува одлука дека (Недела) ќе биде работна ден. Притоа самата странска компанијаа нема синдикат кој би се побунил на таквата одлука, нема синдикат за да ги заштити вработените, од притисоци, закани и мобинг! А, патем нема никаква изјава од Сојузот на Синдикати на Македонија!

2. Откажани автобусите иако веќе неколку денови имаше постигнато договор со кавадаречката превозна компанија. Истата таа компанија која што врши транспорт на вработените во странската компанија? А патем е вршен притисок врз останатите кавадаречки превозници да не ги ставаат во функција своите превозни средства за во (Недела) кога е закажан големиот сенароден митинг на опозицијата.

И покрај сите овие притисоци и игри на ДПМНЕ во (Недела) во Скопје ќе врие од слободни граѓани кои си ја сакаат државата и инситуциите назад! Секој слободен граѓанин, ќе ја искористи секоја слободна автобуска линија, секоја слободна железничка линија, некои од нив ќе ги запалат сопствените автомобии и ќе се упатат кон главниот град, а некои и пеш! Но нема да бидеме спречени, нема да седиме дома во овие клучни моменти, моменти кога целото граѓанство е кренато на нозе против шака луѓе кои се длабого пикнати во криминал од невидени размери!

Фејсбук статус на Сашко Петров, советник во Општина Кавадарци

Најнови вести

Најново од Ракурс

Најчитани вести