Во претходните децении на мој политички активизам, сум била учесник на безброј протести, маршеви, работни лета, на снегови, дождови и сонца пеколни сме го кревале својот глас против неправдата. Но вчерашниот ден беше посебен, поинаков, различен протест. Беше ГРАЃАНСКИ и беше МУЛТИЕТНИЧКИ, како никогаш до сега. Вчера, на мирниот граѓански протест пред Владата на Република Македонија дојдоа луѓе од сите градови во Македонија, ама излегоа и СКОПЈАНИ во голем број, и партиски, и непартиски, и активисти и студенти и незадоволен народ од режимското и криминално владеење на една врхушка. Ама излегоа и АЛБАНЦИТЕ кои живеат во Македонија, во огромен број, заедно со сите нас. И во полн сјај ја видов нивната решителност, достоинственост и гордост да бидиме сите заедно рамо до рамо со иста цел на исто место и во исто време Тоа цена нема.
ФАЛА ВИ од срце на сите, ми ја разбудивте повторно надежтта дека се ќе биде добро во Македонија.
И морам да напоменам, навистина поединци од некои албански политички партии нивни, најмногу ДУИ а и ДПА кокетираат со секоја Власт, и не треба да бидат амнестирани од одговорност луѓето кои садеа “тикви” со Груевски и фамилијата во тендери, криминали, недемократичност, ма колку и да е висока политичката цена што СДСМ ќе ја плати поради тоа. Ако е #ВистинатаЗаМакедонија, нека биде за сите подеднакво и правично обелоденета. Во право се за забелешките некои луѓе кои реагираат за тоа. Едноминутно молчење и за загинатите припадници на МВР, невини жртви на безумие на поединци кои си играат со кревкиот мир, но исто така и за поединци кои залудно гинат во такви ражирани акции, припадници на албанската етничка заедница. И не можеме сите луѓе да ги нарекуваме терористи, не е чесно тоа. Јас најмногу си ја сакам мојата, твојата, нашата Македонија, но работите треба да се нарекуват со вистинските имиња и да бидеме треба вистинољубиви до крај. Благодарам уште еднаш за целата убава енергија, за сплотеноста, единството и лицата со насмевки. Убав ден беше вчера. Почнува да мириса на СЛОБОДА.
п.с. Фала ви и за автобусите за Битола, кои ги пративте од Тетово, Гостивар, Струга. Груевски, готов си, доаѓаат промени, твојата оставка е неизбежна


