Барања за субвенции во земјоделството се поднесуваат до крајот на неделата

До крајот на неделава истекува рокот за поднесување барања за субвенции за земјоделско и сточарско производство. Заинтересираните земјоделци треба да поднесат барање во подрачната единица на Министерството каде што го имаат регистрирано земјиштето, а сточарите да ја проверат бројката на регистрираниот добиток. Надлежните апелираат заинтересираните  да не го чекаат последниот ден за аплицирање, пролонгирање на рокот нема да има.

Процедурите за аплицирање се значително поедноставени, а земјоделците многу подобро се снаоѓаат со потребната документација за разлика од порано.

Лани скоро 74 000 земјоделци поднесоа барања за субвенции, а од нив предничеа барањата за тутун и полјоделски култури. Оваа година за земјоделски субвенции се обезбедени 150 милиони евра.

Најнови вести

Најново од Агро Бриф

Најчитани вести