Несторовска: “Како си дугарче” -ме прашува Заев??!

Касно попладне. Дежурам во кампот “Слобода” ! Релативно мирната атмосфера, одеднаш се разбуричка…доаѓа Заев ! Го гледам, во црвена маичка влегува во кампот и тргнува накај централниот шатор на кој пишува PRESS и во кој се собираат, оние кои дежураат, новинарите , раководството на партијата. Оддеднаш како рој, луѓето притрчуваат кон него, почнуваат да го прегрнуваат, да се поздравуваат. Секој сака да му каже нешто, да се слика со него, да биде во негово друштво ! Застанува, насмеан…..ги задира дечињата …се слика со младите,….ги охрабрува постарите….. им мафта на оние кои го гледаат од далеку, ……и тоа трае…..и трае! Се движи многу бавно. Кафето го чека на масичката во шаторот….се олади, од турско…стана ајс-кафе. Почнува да врне. Никој не го забележува тоа,…тој…најмалку ! “Претседателе, ве чекаат новинари”- тивко му шепотат соработниците. Еве сега, готово, уште малку! Ветераните да ми кажат нешто…и доаѓам” – вели и се прегрнува со еден постар човек ! Седнува со новинарите од некој медиум од Англија, зад мене. Го слушам со која енергија стрпливо им одговара на прашањата, им ја објаснува суровата македонска реалност, толку несфатлива за нивниот modus vivendi ! Се поздравува со нив. Тие со насмевка го испраќаат како цел живот да пиеле кафе заедно во Старбакс во Лондон ! Му приоѓа нова група новинари од некоја турска телевизија….и следи реприза ! Ново кафе му донесоа во шаторот…топло. И тоа се олади ! Влегува во шаторот, накиснат од дождот, без траги на здодевност, без траги на замор на лицето. Се поздравува со луѓето во шаторот. Се прегрнува со сите, насмеан !….”Како си дугарче” -ме прашува??! Како сум, ЈАС !!! ЈАС, како сум ?! Некои прашања……кажуваат се ! Кажуваат СЕ – за оној што прашува !!!

Фејсбук статус на Магдалена Несторовска

Најнови вести

Најново од Ракурс

Најчитани вести