Прво нешто што треба да го направи преодната Влада е да ги ослободи политичките затвореници!
Режимот веќе е свесен дека преодна Влада ќе има. Дали таа ќе биде експертска или ќе биде составена од некаква широка коалиција тоа ќе биде утврдено на преговорите. Она што е поважно е каков мандат ќе има преодната Влада и колку месеци ќе трае, а тоа исто така ќе биде утврдено на преговорите.
Мислам дека првото нешто што преодната Влада би требало да го направи е да ги ослободи од затвор политичките затвореници. Тоа би требало да биде прв нејзин чекор.
Луѓето кои во релевантните меѓународни извештаи се водат како политички затвореници со својата слобода го платија противењето на штетните политики на груевизмот.
Сметам дека исправувањето на таа неправда треба да биде ПРВ логичен чекор по падот на груевизмот. Дали тоа ќе биде со некаков закон за амнестија или во некаква друга форма тоа правниците ќе знаат да го “спакуваат”.
За да се направи притисок ова да се случи, мислам и убеден сум дека, би можело да се обезбеди поддршка од меѓународната заедница (САД и ЕУ). Аргументи има, релевантните извештаите се тука.
Мислам дека како општество имаме морална обврска да направиме се што можеме политичките затвореници ден поскоро да бидат на слобода со своите семејства.
Фејсбук статус на Џељо Хоџиќ


