Во Стење почна нова револуција во Аграрот, засадени се 3 палми, за 3 години нема веќе ресенски јаболка туку РЕСЕНСКИ КОКОСОВИ ОРЕВИ. Ке пиеме кокосово млеко, ке се бањаме со сапун од ресенски Кокос, ке бришеме нозе од чергички од Ресенски кокос. Нема да требаат фрижидери за чување , а лесно се транспортираат па ке има извоз.
Во Охрид нема да има Охридски черешни и јаболка туку ОХРИДСКИ КОКОС. Арно ама ако се исушат палмите пропадна револуцијата , но вреди да се потрошат кој знае колку десетици , можеби и стотици иљади евра народни пари за доброто на народот. А и онака низ Скопје нема место веќе за споменици.
Фејсбук статус на Орце Поповски


