Македонскиот натпреварувач во најголемото регионално музичко шоу „X Фактор“, Боби Мојсовски во синоќешниот свој настап со песната „Оpet si pobedila“ од Тони Цетински и со својот моќен вокал како и интерпретација уште еднаш успеа да го воодушеви жирито и целиот регион.


