Искрениот Никола

Почитувани

Комуњари, цигани, шиптари, Индијанци, шушлипаковци и сите останати граѓани на Македонија. Изминатите 9 години имав и успеси и падови. Успесите ги препишувам на моите соработници, а неуспесите се лично мои за нив сум јас крив и никој друг.
Сите вие знаете дека сите овие години многу сакав да градам во барок тоа и го слушнавте од снимките на Заев и тоа го признавам се од прв до последен збор е така, но што ми беше мислата еве сега се размислувам кој споменик каде сега од денешно гледање би го поставил дали се сите на соодветно место поставени дали ја имаат правата симболика. Да бидам искрен оној крстот што им наредив на моите партиски послушници да го постават пред собраните некако ми е на нај правото место бидејќи јас таму на 24.12.2012 ја закопав демократијата и како голем христијанин се сложувам на секој гроб мора да има и крст и ете со мало задоцнување и не во барок стил го поставив кртот пред гробот на демократијата во Македонија.

Знаете ние имавме неколку изборни циклуси во мојот мандат и нашите слогани бе преродба во 100 чекори па проширена и надградена е како ја надградуваме и преродувавме програмата така исто ги проширувавме во 100 чекори и нашите бизниси па и нашите домови во 100 метри квадратни освен Горде што си додаде само плус за велосипедот да има кај да го остави….

Другари и другарки борци са слобода, демократија и подобра иднина тука во Македонија, а не надвор неа, борци за иднина без Никола Г вака би изгледало едно негово кратко обраќање но тоа нема да се случи бидејќи тој нема храброст да биде искрен пред својот народ.

Поздрав од Кампот на слободата од пред Влада на Р.М

П.С Некој за сладолед ?

Пишува: Митко Бојмацалиев

Најнови вести

Најново од Ракурс

Најчитани вести