Канцеларијата на Европската унија во Скопје подготви закуска за новинарите кои веќе четири часа стојат на улица пред резиденцијата на ЕУ во која се водат разговори меѓу еврокомесарот Јоханес Хан, премиерот Никола Груевски и лидерот на СДСМ, Зоран Заев, за надминување на политичката криза во земјава.

Пред малку на средбата се придружи и лидерот на ДУИ Али Ахмети, а се очекува да пристигне и Мендух Тачи.
Средбата со комесарот почна рано утрово со лидерите на двете најголеми партии. Засега нема никакви информации што се случува на зелената маса и за што се разговара.


