Јоци за Венко: Како изгледа затупено перо, откога ќе те прегазат младите и паметните. И слободните, а не окованите.

Тоа е таа уметност која никој не ја гледа и не купува карти од задоволство, а и за која авторот на колумната не е самокритичен и никогаш не пишува, но потсвесно знае. И живее во страв дека сепак некој ќе го подбере еден ден така добро, да ќе мора да ја забоде главата му- во кошница со пчели.
Во спротивно, ако беше поинаку, неговите ставови ќе имаа чистина, и немаше да мора да се приклонува кон ниедна партија со писанија од кои блика немоќ и жолч.
А вака…читаме како изгледа затупено перо, откога ќе те прегазат младите и паметните. И слободните, а не окованите.

Венко е одамна пречртан од мене.
Но, затоа вие, кои се уште не сте на чисто или не сакате да верувате, , ќе мора да го прочитате ова негово „ремек дело“, за да сфатите до каде може овој човек да оди, на што се’ е подготвен и до каде стасал.
Жугиќ ја нарекува „кралица на глумиштето“, па дури и дополнува со цитат: „нејзиното театарско мајсторство“.
Венкич, ама зошто !? Подобро ќе беше да отидеше некаде на сладолед или да полеташе змаеви на некоја полјана.

Да потсетам на генезата на неговата љубов кон оваа владеачка гарнитура, сепак ова не трае од вчера :
-лани на прес конференција, Бети Канческа Милеска ја нарече министерка која многу правела за македонската уметност !? Односно и’ се заблагодари што постои (и ние сите паднавме од столче
-потоа на Чифлиганец му напиша монографија, колор и дебела, ко да станува збор за животот на Исус, а не за бучимецот.
-и сега ова.

оф !

Фејсбук статус на Јорданка Ивановска- Јоци

Најнови вести

Најново од Ракурс

Најчитани вести