Ангелов: Вие од „БЕСА“!

ВИЕ ОД “БЕСА“!!!
На Македонија не и треба никаков нов договор. На Македонија не и е потребен ниту стариот, Рамковен договор. На Македонија и е доста од договори кои предизвикуваат нееднаквост и делби.

Вие од “Беса“!
Одамна требаше но сега навистина е време да ја направиме Македонија граѓанска држава. Држава во која сите ќе бидат еднакви. Држава во која нема да има етнички квоти. Држава во која на факултетите, академиите и во државните институции ќе се примаат најдобрите. Најспособните. Највредните. Бидејки Македонија вистински ќе тргне напред само тогаш кога на факултетите, академиите и во државните институции ќе се примаат луѓе!!! А не Македонци и Албанци, Срби и Турци… Мораме да ставиме крај на практиката, како што е примерот со Воената академија, да се примаат најниско рангирани Албанци со освоени 65 бода за сметка на високо рангирани Македонци кои освоиле по 96 бода. Само затоа што примените се Албанци и имаат “врски“ во ДУИ. Во една нормална состојба во државата, јас верувам дека има Албанци кои без проблем ќе освојат 96, 97 или 100 бода!!! И ќе се запишат на Академија не затоа што се Албанци туку затоа што се меѓу најдобрите.

Вие од “Беса“!!!
Што сте запнале со тоа ваше нерационално барање, Албанците да станат уставотворен народ? Зарем сега ве нема во Уставот? Зарем тоа ќе смени нешто? Зарем ќе ви стане подобро? Можеби уште следниот ден? Денес станувате уставотворен народ, утре се будите и вашите проблеми исчезнале!!! Живеете како во рај!!! А што е со останатите? Србите, Турците, Власите, Бошњаците, Ромите? Зарем тие не се граѓани на Република Македонија? Зарем тие не се уставотворни?

Вие од “Беса“!
Сте запнале со двојазичност на целата територија на Република Македонија. И што и да ја добиете? Ќе отидете во Берово и ќе се разберете на албански? Или можеби во Струмица? Или во Гевгелија? Па јас кога одам во Берово едвај се разбирам на македонски а вие на албански – никогаш!!! Нема да се разберете!

Вие од “Беса“!
Излезете со чист граѓански концепт! Тогаш можеби ќе успеете! Вакви какви што сте, утре не очекувајте народ. Не очекувајте многу народ. Бидејки и Албанците се уморни. Уморни од национализам, шовинизам и сепаратизам. Бидејки и на Албанците, и на Македонците, и на сите други им треба живот. Мирен живот. Подобар живот. Побогат живот.

Фејсбук статус на Генерал Стојанче Ангелов

Најнови вести

Најново од Ракурс

Најчитани вести