Не стивнуваат рекциите за новата фонтана во центарот на Скопје која чини 2,5 милиони евра.
Граѓаните реагираат дека има многу поважни работи за кои треба да се погрижи Владата отколку да гради фонтани и споменици.

Да ви се сневиди у таа фонтаната… дајте ни инсулини како што треба . Дајте ни инсулински помагала . Дајте ни квалитетни ленти за гликемија …ни даваат ленти за гликемија , кои се кинески и не покажуваат точно , што практично е исто како да не ни даваат.
Пред нашите очи се случува ова во центарот на азиланти во Гази Баба . Ние дијабетичарите добиваме инсулини , за кои нема никаква гаранција за квалитет , ниту пак е загарантиран безбеден транспорт на истите . Тамара го загуби животот, а се гради фонтана од два и пол милиони евра . Пак вие да ќутите . Вие што ќутите за да си ги зачувате вашите работни места или пак заради некакви ситнопрофитерски интереси, за вас е резервиран деветтиот круг од Пеколот на Данте .
Фејсбук статус на Ели Секуловска


