Ова е сликата на „аграрна“ Македонија, директно зависна од временските прилики и неприлики како во старо време.
Вака изгледа насад со праски после невреме проследено со град.

Вака изгледа насад на овоштар на кого трговецот му нема платено за ланската реколта, а тој нема кај да се пожали. Државата не го штити, државата е тука само кога треба да му ги земе парите за данок.
И тој би сакал да стави заштитни мрежи од град, ама со кои пари?

Вака изгледа лозјето на лозарот кој три години се моли во визбата да му ги дадат парите. Владата му вели дека нема ингеренции оти тоа биле приватни субјекти. Лозарот треба да знае дека согласно Законот за земјоделство визбата е должна најдоцна за 6 месеци да му го исплати грозјето, во спротивно треба да и се одземе лиценцата. Но визбите се врзани со власта, а на лозарот му се врзани рацете. Без пари со што да ја плати заштитната мрежа?
Затоа за жал, земјоделците плаќаат со изгубеното здравје, а Македонија со уништување на домашното производство на земјоделски производи.


