Во периодот пред нас, посебно во втората половина на Јули и Август, очекувајте зајакнат интензитет на оркестрирани “етнички” препукувања помеѓу ДПМНЕ и ДУИ (и сателитот ДПА), со цел враќање и зајакнување на патриотско-националниот имиџ на двете партии кои избледнеа во последните неколку месеци како последица на “бомбите”.
Функционери на ДУИ, слично како и пред Претседателските избори, ќе настапуваат со навредливи и националистички изливи кон ДПМНЕ со цел да ја вратат својата “бранителска” улога на најголеми “албански патриоти”, додека пак ДПМНЕ со цел да го отргне вниманието од ставањето опашка меѓу нозе пред Грција, ќе лансира кампања против албанците. (Како илустрација за вокабуларот кој ќе биде користен од страна на ДУИ, можете да ги побарате на интернет снимките од обраќањата на функционерите на ДУИ, Интересно е да се нотира дека ДПМНЕ и нејзините медиуми никогаш не најдоа за сходно да своевремено и навремено реагираат на нив. Подеднакво и како набљудувачите на САД, ЕУ, ОБСЕ, НАТО кои преферираа да останат слепи и глуви пред нив.).
САД и ЕУ – како и обично – се сосема свесни дека станува збор за лажна игра (изведена под нивно будно око, инструкција и контрола). И пак, како и обично, критиките за национализам, шовинизам и расизам ќе ги чуваат за опозиционите и периферните актери, но никогаш за нивните пулени од криминалното миље на ДПМНЕ и ДУИ.
Токму затоа, се наложува будност и внимателност во следните неколку недели, посебно во регионот Скопје-Куманово-Тетово, но и во Струшко, како традиционални полигони каде ДПМНЕ и Зајашкиот Клан ги инсталираат и инсценираат своите прљави игри, со премолчана согласност на меѓународната заедница.
Фејсбук статус на Арсим Зеколи


