(ВИДЕО) Синдикатот на земјоделците „Спас“ се приклучи на Кампот на слободата

Во име на Синдикатот на земјоделците- „Спас“ денеска во кампот на слободата изјави за медиумите дадоа  Николче Бошевски и Трајан Димковски.
„Со години оваа влада кажува лаги. Дека ќе почне со чистење на каналите, а секоја година Пелагонија е поплавена. Дека ќе започнат инвестиции во наводнување, а на земјоделците не им даваат да ги користат и постојните системи за наводнување. Пример е Стрежево, оваа година има вода за наводнување во изобилство, но на земјоделците им се ускратува водата за наводнување. Тука ќе бидеме поради сите злоупотреби на државното земјоделско земјиште. Тука ќе бидеме и поради измамите со Свед Милк и Субрата Рој. Поради ниската откупна цена на млекото и ниската откупна цена на градинарските производи“ – рече Бошевски и додаде дека состојбата во земјоделството воопшто е лоша и токму затоа тие се придружуваат на опозицијата.

 

Најнови вести

Најново од Агро Бриф, Ударни вести

Најчитани вести