Вчера на седница на Советот на град Скопје на која се поставуваа советнички прашања поставив прашање до градоначалникот на град Скопје: Зошто во изминативе денови во Скопје интезивно се садат палми кои се неавтохтон вид на подрачјето на градот Скопје и за кои е сосоема извезно дека поради климатските прилики и при првите зимски пониски температури ќе се исушат и тоа во услови кога интезивно се сечат дрвја во градот кои успеваат на ова подрачје?
Дали градот има проценка врз основа на стручна студија за можноста и процентот на успешност на прилагодување на овие палми во градот и колку палми во Скопје ќе бидат засадени и по која цена?
Наместо градоначалникот, одговорот на прашањето го даде директорот на ЈП „Паркови и зеленило“ Авировиќ , при што не одговори на ниту еден од деловите на советничкото прашање освен дека е тоа проект на ’’Македонски Шуми’’ и дека се надева (!?) дека добар дел од овие палми „ќе преживеат“.
Фејсбук статус на Зоран Шапуриќ


