Денеска е 30 јуни, земјоделци кај ви се субвенциите?

 

Земјоделци, да не беше власта на Груевски, денеска  на вашите сметки ќе ги имаше исплатено сите субвенции за 2014 година и ќе почнеше исплатата за 2015.

Крајниот законски рок за исплата на земјоделските субвенции е 30 јуни. Така е согласно одредбите на Законот за земјоделство и рурален развој. Така е во сите земји во регионот, така е во ЕУ.

Но си молчи министерот за финансии, никаде ги нема вашите таканаречени лидери, немате народни избраници што ќе прашаат во ваше име,  а богами ве нема ни вас сами да си ги побарате  своите пари.

Владата на Груевски ви должи точно еден годишен земјоделски буџет од 150 милиони евра. Затоа не можете да бидете конкурентни со производите, затоа увозното е поефтино, затоа не ви се исплати производството и  ви се празни џебовите.

Уште еднаш да ве потсетам дека субвенциите се државна мерка а не партиска и тие ќе ги има без разлика кој  е на власт. Со таа разлика што државна поддршка треба да ја добивате навреме тогаш кога ви е најпотребна, а не како сега да чекате избори па Груевски да ве „купува“ со вашите пари.

Ленче Николовска

Најнови вести

Најново од Агро Бриф

Најчитани вести