Стара поговорка вели дека дипломатијата е умешност да на кучето му велиш “добро кутре, убо куце”. Додека не најдеш камен да го мавнеш по глава.
Тој приод сега се користи од страна на власта, но и од меѓународната заедница за смирување на разбеснетата јавност. За што на рака им иде долго очекуваната летна замреност на јавноста. Притоа приодот на власта и меѓ-заедница не цели ниту кон разрешување на состојбите, ниту санирање на последиците, уште помалку на подобрување на ситуацијата. Сиот фокус е базиран на сочувување на гаранторите на крвавиот мир, како ѓаволи кои ги познаваш.
Во тој судир помеѓу дипломатскиот пристап на власта и политичкиот пристап на опозицијата, картите во овој момент се на страна на власта. Како поради инструментите кои ги има на располагање, но и поради целосниот политички крах на нејзините ликови кои опстојуваат не поради умешноста на продавање приказна, туку ресурсите за купување на молкот. Но како и секогаш, дипломатскиот пристап е ефективен на кратки патеки, поради фактот што се базира на познатите и признати актери. Но без политичка нарација, ниту најуспешните дипломатски махинации не трајат подолго од времето низ кое јавноста ја препознава манипулацијата.
Посетите на ЕУ Амбасадорите на ДУИ и ДПА се конкретна илустрација на таа манипулација, која цели да на брз и итар начин го искористи вакуумот во јавноста за ре-легитимирање на постоечите “фактори” кои се предвидливи и лесно манипулативни поради својата природа. За жал, едноставно глупавиот, аматерски и шлампав однос на новите политички претенди дополнително допринесоа кон можноста за ревитализација на криминогените структури ДУИ/ДПА.
Политичкиот пристап на опозицијата (не се однесува само на партијските фактори) е помачен, поспор и понеатрактивен, поради дефицит на инструменти и механизми, и посебно материјални ресурси. Но затоа, во основа политичкиот процес е експанзивен бидејќи задира во општествените односи, т.е. постепено го менува општествениот zeitgeist и со то вклучува се понови и понеочекувани актери во политиката.
Во секој случај, ова е поволниот момент на власта и меѓународната заедница да се обидат преку стратегијта “удри ги послабите” да го израмнат теренот помеѓу опозицијската “калимеро” и владината “морално беше, пиги” стратегија. И воедно се обидат да го вратат во темел разнишаниот авторитет на ЕУ и САД поради шурувањето со домашното криминално миље.
Но летото на дипломатијата нема да може ниту да ги ублажи, а камо ли спречи, есенските плодови на гневот.
Фејсбук статус на Арсим Зеколи


