Доматите не ги сакаат ниту преработувачите

Околу 5 тони зрели домати стојат за берба од пластениците на Ванчо Маџунков од струмичко Водоча. Дел од производството почна да скапува. Се плаши да ги собере оти нема каде да ги носи. Никој не сака да ги откупи. Не помога ниту владината мерка за субвенциониреање, конзервните фаборики да превземат дел од пазарниот вишок.
Судбината на Маџунков ја делаат речиси сите производители на домати.  Производството скапува по нивите. Ниту една фабрика во струмичко не откупува бидејќи овие домати немаат суви материи и не се препорачливи за преработка  за доматно пире.
Доматите  на нива , краставиците во дворот. Маџунков бара депонија каде ќе ги фрла
Владата неодамна донесе мерка за да ја ублажи состојбата.
Со 3,5 денари ги стимулира преработувачите да откупуваат домати а земјоделците кои ке го предадат кај нив да добијат 6,5 денари.
На овој начин се очекуваше околу 30 насто од производството да биде  превземено, но на терен преработувачите не откупуваат.

Извор: 24 Вести

Најнови вести

Најново од Агро Бриф

Најчитани вести