Во врска со исплатата на штетите од ланското невремето во Преспа со соопштение реагира „Достоинство“ од Ресен.
Соопштението ви го пренесуваме во целост:
После скоро една година, конечно дел од јаболкопроизводителите го добија обештетувањето, а дел би требало да го добијат во наредните денови. Исплатени се симоболични суми во зависнот од реоните и штетата. Обештетувањето е премногу закаснато, истото би било повредно доколку го добиевме на пролет. Како и да е обештетувањето ќе биде добредојдено и ако е далеку пониско од реалната штета што беше нанесена минатата година. На ниво на држава каде што се случија вакви непогоди премиерот најави дека ќе бидат обештетени 100%, што не е случај и кај нас! Меѓу другото , како државата е спремна да издвојува и по 10 милиони за еден споменик , а не е спремна да издвои толку за Преспа, со која би биле 100% обештетени производителите, туку се издвоени помалку од 2 милиони евра. Преспанчани не се криви што падна град и им ги униште насадите, за тоа директно е одговорна државата затоа што ја укина противградната одбрана , и го продаде небото за авио-линии, од кое корист имаат само тие , а ние немаме никаква корист туку само огромни штети и последици.


