Ќе се носи нов Закон за тутун-прифатени 8 предлози на тутунарите

Поради броjните измени-во 8 наврати а со кои е зименета над половината од поселдното законско решение од 2006-та година се иницира јавна расправа за донесување на нов Закон за тутун.

Во него своите забелешки ги доставија и престтавниците на тутунарите од Сојузот на тутунски здруженија. Претседателот Данчо Милески напоменува дека подготовките на новиот закон траат подолго, а тие доставиле 8 предлог решенија и сите биле прифатени и нуделе поголема заштита на тутунарите. Крајниот рок за завршување на откупот се скратува од 15-ти март на 28-ми февруари, а откупувачите ќе добијат казни ако не авансираат 15% од договореното производство со кооперантите:

– Бенефитот ќе биде многу поголем на тутунопроизводителите:сигурна исплата на тутунот, добивање на што побрзо на репроматеријал од компаниите, авансирање со 15% од страна на компаниите на тутунарот, семенскиот материјал за да се има што поквалитетно производство да се дели многу порано отколку што беше на стариот начин.

Министрот за земјоделие Михаил Цветков го потенцира поместувањето на роковите во календарот на сите активности во интерес на земјоделците но и можноста компаниите парцијално и тековно да ги обезбедуваат средствата за исплата но под контрола на нивните средства за исплата:

– Беше до 10-тти април да го добијат семенскиот материјал а сега се предлага тоа да биде до 25-тти март, така да сите овие рокови ги поместуваме за 15 дена. Имаме софтверско решение-компјутерско водење на процесот така да во оној момент кога ќе се потрошат парите автоматски софтверот не дозволува откуп на тутунот на компанијата која нема пари.

И во новиот закон почетокот на откупот останува 15-тти декември, со можност да почне и порано во зависност од интересот на компаниите, а Милески, со оглед на помалите засадени површини, очекува реколтата да биде тешка околу 20.000 тони што е помалку од побарувањата на откупните компании.

Најнови вести

Најново од Агро Бриф

Најчитани вести