Кај крупниот добиток се јави болест, многу опасна, слична на Синиот јазик – јавуваат сточарите.
– Од 45 крави веќе 10 ми се зафатени. Симтомите се целосно слепило, тешко дише, лигавица и нагло слабеење. Овој бик беше 500 килограми, за пет дена се „исуши“ – вознемирено раскажува Зоран Николов, сточар од село Врбица- Кочани.

Сточарите бараат и очекуваат помош од надлежните институции да реагираат соодветно, според нивните кажувања вакви заболени грла добиток има и во селата Спанчево и Соколарци.



