Жална слика од најголемата житница: Суша, ниски приноси и сиромашни земјоделци

Непосеани ниви обраснети со трње, исушени бостани, тутун и сончоглед, комбајни кои жнеат минимален принос на пченица од хектар, ова е накратко жалната слика на најголемата житница Пелагонија, денеска.

susha_egri

Во екот на жетвата,  разочарувањето на земјоделците  од откупната цена на пченицата е евидентна. Очекуваат поддршка од државата бидејќи со 8 денари никако не можат да ги покријат ни трошоците.

–  Мелничарите нудат од 9 до 10 денари, цена која ни е неисплатлива оти ни е скапо производството. Треба државата да се погрижи бидејќи не можеме да опстанеме – се пожали земјоделецот Цветан Поповски од село Добрушево, општина Могила.

zetva3

 

Земјоделците посочуваат дека поради незаинтересираноста на Владата површините под пченица секоја годинна се повеќе се намалуваат.

– Последнава сезона 20% од површините не се насеани, а догодина уште повеќе ќе се намалат површините. Вака не било никогаш – се пожали Тони Петревски од Добрушево.

Намалувањето на површините под пченица го забележуваат и комбајнерите.

 

– Пред неколку години имавме многу работа, луѓето работеа пченица, сега престанаа да сејат  брзо завршува жетвата – вели Игор Степановски.

lence_dobrusevo1

Пченицата е стратешка култура за Република Македонија  и затоа односот на владата кон лебното жито треба да биде сериозен и согласно Законот за земјоделство да се реагира за да може да се стопира негативниот тренд во ова производство. Од 2006 година површините под пченица на ниво на држава се намалени за 30 000 ха.

lence_dobrushevo2

– Проблемот со откупот на пченицата се решава многу едноставно и брзо. Владата на предлог на министерот за земјоделство може да изврши интервентен откуп на пченица по цена која им одговара на земјоделците за тие да не бидат во загуба или да ја доплати разликата од цената која ја нудат мелничарите до рентабилната цена на производителите. Долгорочното решение е во намалување на производната цена преку 50% поефтина нафта и 30% поефтини семе, ѓубрива и заштитни средства, мерка која што ја има во земјоделската  програма  на СДСМ – изјави Ленче Николовска.

И во село Чарлија иста слика, жителите револтирани од откупната цена на пченицата, тутунот, млекото… немајќи друг излез сепак спасот го бараат во земјоделството,нивната основна егзистенција. Собрани во единствената продавница во селото да го купат лебот после напорната работа на нива, застанаа да се пожалат за неисплатените субвенции и скапата нафта.

– Субвенциите се државна мерка, а не партиска и нив ќе ги има без разлика која влада е. Но парите земјоделците треба  да ги добиваат навреме, тогаш кога им се најпотребни. Сега е време, после жетва субвенции за годинава  да добијат сточарите за да купат поефтина добиточна храна, поледелците субвенциите терба да ги добијат во септември пред сеидба за да купат семе, нафта, ѓубрива, лозарите и овоштарите во февруари пред новата реколта, градинарите во март, а тутунопроизводителите после предавање на тутунот. Само така субвенциите може да го дадат посакуваниот ефект на зголемено и конкурентно производство – истакна Николовска.

kombajn

 

 

Најнови вести

Најново од Агро Бриф, Ударни вести

Најчитани вести